
Вредноста на акциите на Twitter падна за 24% со што ја намали пазарната вредност на компанијата за скоро од 9 милијарди долари. До вакво намалување на вредноста дојде после објавувањето на резултатите од работењето на компанијата во 2013 година.
Конкретно паѓањето на довербата на инвеститорите најмногу доаѓа поради резултатите кои што покажуваат намалување на степенот на раст на корисничката база на социјалната мрежа. Поточно бројот на Twitter корисници е зголемен за 3,8% во последниот квартал од годината што споредено со 10% на почетокот од годината претставува големо намалување. Исто така забележано е 7% намалување на прегледувањето на листата со новости, односно отворање на корисниците на својата Twitter страна и разгледување што ново е објавено.
Вакви резултатите покажуваат намалување на популарноста на социјалната мрежа, односно намалување на интересот на корисниците да го користат Twitter. Нормално тоа е директно поврзано со заработката на компанијата, како и предвидувањата за идното работење, нешто што е директно поврзано со одлуката за купување на акции од компанијата и по која цена.
Одредени истражувања покажуваат дека голем број на корисници на Twitter ја отвораат својата корисничка сметка еднаш, по што наредниот пат може да биде и после 6 месеци и 1 година. Како пример се наведува и новиот директор на Microsoft кој што после неколку години го менува својот статус на Twitter, односно најавува дека ќе почне почесто да комуницира преку социјалната мрежа.