Скопје, 22 март 2016. – Во светот на печатењето, скалабилноста и флексибилноста се барани можности. Благодарение на непрекинатиот развој, компанијата Xerox ја претстави надградбата на новите и постоечките Xerox Impika® Compact, Reference и Evolution мастилни печатарски машини. Оваа надградба, на давателите на печатарски услуги ќе им овозможи раст на работењето благодарение на зголемениот обем на печатење и продуктивноста, а поголемиот дел од корисниците нема да мораат да вложуваат во дополнителни хардверски надградби за да ги искористат овие можности.
Печатниците со ова ќе може да обработат повеќе работа благодарение на помалото време на обработка и до 30% поголемите брзини на печатење (40 kHz). Исто така, благодарение на променливата големина на капките, мастилото е во потполност оптимизирано за мешана содржина на страниците каде што малите капки се користат за детали, а големите капки за подобрување на густината и покриеноста на страницата. Опцијата „Very High Quality“, достапна на печатарските машини Evolution како и на монохроматските конфигурации, нуди нови нивоа на квалитет на сликата што е еквивалентна на резолуција на екранот од 1200 dpi, па исто така овозможува и исклучително делотворна потрошувачка на мастилото со поголема јаснотија на спектарот на бои.
„Во компанијата Xerox непрекинато работиме на иновации за да го прошириме распонот на перформанси и вредноста на технологии коишто на корисниците ќе им овозможат максимално враќање на инвестицијата. Надградбите на печатарските машини Xeorx Impika на корисниците им нудат скалабилни производни можности со коишто може подобро да им излезат во пресрет на потребите на своите клиенти, како и да испорачаат се поголем број на нарачки“, iизјави Кристина Фернандез, потпретседателка и генерален менаџер на одделот „Continuous Feed Inkjet Business“ на компанијата Xerox.
Достапност
Надградбата на новите и постоечките мастилни печатарски машини Xerox Impika® Compact, Reference и Evolution е достапна на корисниците ширум светот.
За компанијата Xerox
Xerox (NYSE: XRX) учествува во менувањето на начинот на којшто работи светот. Со примената на нашата стручност во подрачјето на дигитализација на документи, деловните процеси, аналитиката, автоматизацијата и сознанието за фокусираност кон корисниците, го усовршуваме текот на работата за да овозможиме поголема продуктивност, делотворност и ниво на посебност. Работиме во 180 држави и имаме повеќе од 140.000 вработени коишто создаваат значајни иновации и нудат услуги на деловни процеси, опрема за печатење, софтвер и решенија коишто прават разлика за нашите клиенти – и нивните муштерии. На 29 јануари 2016 година, Xerox ги објави плановите за раздвојување во две назависни компании: компанијата „Business Process Outsourcing“ и компанијата „Document Technology“. Дознајте повеќе на www.xerox.com.