Yahoo продолжува со купувањето на компании под водство на Marissa Mayer која што може да се каже дека навистина успева да ја одржи оваа компанија која што не се знаеше дали ќе опстане под притисокот на конкуренцијата до пред некоја година.
Cooliris е компанија најмногу позната по развојот на систем за прегледување на слики, а веќе подолго време достапна е и апликација за iOS корисниците. Оваа компанија исто така беше ангажирана од страна на Google за развивање и дизајнирање на галеријата за слики која што се користи во Android оперативниот систем. Cooliris исто така развиваат уште една апликација која што е наменета за споделување на слики наречена BeamIt која што е достапна на iOS, а најавена е достапност и на Android и веб.
На страната на Cooliris е истакнато дека тие ќе продолжат со нивната работа како дел од новата компанија, а апликациите ќе ја задржат својата поддршка како и понатамошен развој, барем во периодот што следи.
Yahoo има јасна визија и непоколеблива посветеност во правењето на мобилните во интуитувно и лесно искуство.
Ова ги прави Yahoo перфектниот партнер за Cooliris и ние сме возбудени што ќе се здружиме да им донесеме неопходни производи на светската публика.
Извор: Cooliris, TechCrunch