amd-7th-generation-2-930x440

Во лаптоп сферата, скоро сите уреди од високата класа се опремени со Intel чипови, кои нудат подобри перформанси и подолго траење на батеријата од AMD чиповите. Сепак, од AMD сакаат ова да се промени со новата генерација на Bristol Ridge чипови со Excavator јадра, која донесува значителни промени во однос на своите претходници и опасно се доближува со Skylake чиповите на Intel.

Идејата зад чиповите на AMD е што имаат моќна вградена графика, која во оваа генерација според производителот е 53% побрза од онаа во Core i7 чипот – ова важи за FX јадрата, кои се најмоќни во серијата и кои се конкурентни токму на најмоќниот лаптоп чип на Intel. A12 и A9 серијата има исто така подобри графички перформанси од Core i5 и Core i3, на кои е конкурентна.

amd-7th-generation

Bristol Ridge донесува и намалувања во потрошувачката – од AMD велат дека новите чипови сега трошат 41% помалку енергија од претходниците при репродукција на Full HD видео, притоа донесувајќи до 52% побрзи перформанси на самиот процесор. Според AMD, лаптопите со овие процесори ќе имаат траење на батеријата од „цел ден“, што е импресивно, но треба да го видиме и во пракса – нивните досегашни натпреварувачи и не се познати по траењето на батеријата.

Чиповите од Bristol Ridge генерацијата ќе бидат достапни во неколку изведби, кои ќе покриваат класи кои отприлика се на нивото на Core i3, i5 и i7. Ќе бидат достапни модели со 15 W и 35 W чипови – првите за тенките, штедливи ултрабук лаптопи, додека вторите за моќните преносни машини. Лаптопите и/или „2 во 1“ уредите со овие процесори би требало да бидат и поевтини од истите модели со Intel еквивалентен процесор, што е една од најголемите предности на AMD.

Извор: Windows Central, The Verge, Venture Beat

Претходна статијаМетан горивото достапно на Бензинската станица „Партизанска“ на Макпетрол
Следна статијаWWDC 2016 на Apple ќе се оджи на 13-ти јуни