apple-headphones-sensor

Одреден период веќе кружат информации за заинтересираноста на Apple за health фитнес уредите, односно уреди кои што ги следат вашите витални знаци, како пулсот на пример додека вежбате. Од патент поднесен во 2007, а прифатен денес со името „Спортски систем за мониторирање за слушалки (Sports monitoring system for headphones, earbuds and/or headsets)“ може да се види дека тие работат на таков уред, во случајот вграден во слушалки. Патентот се однесува на сите видови на слушалки, за кои што немаме посебен превод, односно класични слушалки, слушалки за во уво и слични варијации.

Од патентот може да се види дека слушалките може да работат поврзани со кабел, но и безжично, а информациите би ги испраќале на некој уред како што е iPhone или можеби очекуваниот iWatch кој што сепак не е потврден дека ќе биде претставен. Тие би имале можност да ги следат знаците како, пулс, температура, потење и повеќе.

Исто така од патентот може да се види и можност за контрола базирана на гестови, односно можност за навалување на главата во одреден правец што ќе значи и одредена команда. На пример, навалување на главата на лево ќе ја пушти претходната песна што ја слушате додека вежбате, а навалување на главата на десно ќе ја пушти наредната. Исто така може да се контролира и јачината на звукот на музиката.

Во слушалките се вградени и сензори како акселерометар, па истите може да го следат движењето на корисникот, неговата позиција, наклон и соодветно да овозможат одредени активности. На пример, слушалките може да проценат дека се качувате на нагорница, па да ја пуштат вашата омилена музика за да ви дадат мотивација и слично.

Затоа што сепак се работи за патент, не е познато дали овој концепт некогаш ќе биде навистина претставен во некој производ. Од Apple се разбира не даваат информации за производите на кои што работат, па нема да се знае повеќе додека евентуално не биде претставен некој ваков производ.

Слични слушалки со сензори веќе претставивме, наречени The Dash кои што исто така работат на мерење на вашите витални знаци при вежбање, кои што се доста популарни и имаат собрано огромни средства на Kickstarter.

Извор: Apple Insider

Претходна статијаDash – поврзете го автомобилот со вашиот Android телефон
Следна статијаNike патики што сами се врзуваат достапни во 2015
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.