imac-1

Кога ќе прочитате за производ од Apple и зборот поевтин, веднаш треба да ви биде јасно дека нема сигурно да прочитате за компјутер со цена од 500 долари или слично. Производите од оваа компанија, покрај по одличниот дизајн и внимание на деталите, се познати и по високите цени, па тие не се наменети баш за секој корисник, посебно не во земјите во развој, како нашата. Поради тоа компаниите често ги користат компјутерите од Apple како начин да покажат дека работата им оди добро, односно како еден вид на маркетинг потег.

Оваа недела од Apple претставија нов компјутер од нивната серија на All-in-one компјутери iMac, кој што е со нешто пониска цена од досега најниската од понудата. Овој нов модел ќе се продава по почетна цена од 1.099 долари, а досега најевтиниот модел со цена од 1.299 долари преминува во една категорија погоре. Се разбира со пониската цена, кај овој модел можете да очекувате и нешто послаби карактеристики, па така тој доаѓа со:

  • 1.4GHz dual-core Intel Core i5 процесор со можност за Turbo Boost до 2.7GHz
  • 8GB RAM меморија
  • 500GB хард диск
  • Intel HD Graphics 5000
  • 21,5 инчен екран
  • 802.11ac Wi-Fi
  • 2 Thunderbolt порти и 3 USB 3.0 порти

Овие карактеристики доаѓаат со основниот модел кој што можете да го подобрите, но со тоа ќе се зголеми и цената. Процесорот кој што доаѓа со овој модел е со истата брзина како на процесорот кој што се користи на MacBook Air лаптоп компјутерот.

Ова можеби не претставува ниска цена за голем број на корисници кои што ќе се одлучат за поевтините Windows или Linux компјутери, меѓутоа претставува причина плус за корисниците кои што се мислат за првпат да пробаат iMac тоа да го направат.

Извор: Cnet, Apple Store

Претходна статијаЗаштитете го вашиот компјутер со новата Anti-Exploit алатка од Malwarebytes
Следна статијаАпликациите од Amazon App Store ќе бидат достапни на BlackBerry 10.3 уредите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.