product-slide-1@2x

Cue е мал уред кој што е во развој и треба да биде достапен за корисниците некаде од идната година. За разлика од голем број на други слични уреди, Cue е наменет за крајниот корисник, односно обичните домашни корисници кои што нема потреба да имаат било какви претходни познавање од оваа област.

Во основа користејќи го Cue ќе можете да замените одредени досега потребни посети на доктор, па самите да ги добиете потребните информации. Поточно Cue е уред кој што врши молекуларна анализа на примероци од вашата плунка, брис од носот, како и крвта. Врз основа на анализата на овие примероци, Cue, барем во првата верзија, може да ви даде информација за нивото на тестостерон, витаминот Д, воспалителни процеси во организмот, присуство на вируси, како и плодноста кај жените. Анализата се врши во посебно направениот уред преку ставање на посебни кертриџи/касети кои што се за една употреба. Со Cue доаѓа и посебно стапче за зимање на примерок, кое што се става во касетите. По завршување на анализата, информацијата е испратена до апликацијата на мобилниот телефон преку Bluetooth. Апликацијата е направена да покрај прикажување на нивоата од податоците кои што се мерат, прикажува и предлози за потребните вежби или храна кои што се потребни за подобрување на несаканата состојба.

section-app-01

На почетокот уредот ќе се продава на избрана група на тестери по цена од 200 долари. Касетите кои што се за една употреба ќе се продаваат по цена од 20-30 долари во пакет од 3-5 касети.

Сепак Cue е се’ уште во почетна фаза, па не е до крај сигурно со кое ниво на точност ги прикажува мерењата. Исто така тука е и прашањето дали ваков уред може да биде доволно точен, лесен за користење и информативен за да навистина ги замени посетите кај докторите, барем во одредени ситуации.

Извор: Wired, The Verge

Претходна статијаEarin: Најмалите безжични слушалки
Следна статијаMicrosoft го претстави Internet Explorer Developer Channel
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.