digitsoles1

Се поголем број на секојдневни предмети добиваат конективност и можност да бидат контролирани преку апликации. На почетокот од Септември, Kickstarter го започна финансирањето на Digitsole, првата интерактивна влошка која ќе ги стопли вашите стапала.

Digitsole е конектирана, интерактивна, загреана влошка отпорна на вода која може да биде контролирана од вашиот смартфон. Достапна за Android и iOS, апликацијата за овие влошки е опремена со Bluetooth 4.0 конекција така што нуди затоплување на вашите стапала до максимум температура од 40 C, но и следење на растојанието кое го поминувате и калориите кои ги согорувате.

Влошките функционираат на следниот начин:  најпрво треба да се конектираат со апликацијата, па функцијата за затоплување може да се активира со еден клик. Потоа може да се адаптира температурата на секоја од влошките поединечно за да се добие совршена температура. Ако температурата падне, вградениот термостат се прилагодувa на однапред определената температура.

Доколку ги внесете тежината и висината при инсталирањето на апликацијата, таа ќе ги мери калориите кои ги согорувате додека ги користите влошките.

Влошката тежи околку 100 грама, нејзината платформа е обликувана од Neotech и е одлична за контролирање вибрации. Следниот слој на влошката се состои од Poron TX3, кој се карактеризира со супериорни амортизери, а тој слој е покриен со високо квалитетен микро-фибер кој ја шири топлината на оптимален начин. Батеријата се полни со microUSB, а трае до 8 часа.

Ова не е првата паметна влошка претставена на пазарот. Неодамна се појави и Lechal, Bluetooth обувка која се поврзува со Google Maps и зуи за да ви покаже во која насока да продолжите за да стигнете до однапред определена дестинација. Апликацијата за овие обувки исто така ги брои чекорите и согорените калории.

https://www.youtube.com/watch?v=9ko1GNKNUOs

Извор: Engadget, Kickstarter

Претходна статијаGoogle Chrome за Mac ќе има само 64-битна верзија
Следна статијаXiaomi Mi 3 Рецензија: Една недела со овој одличен телефон