Неодамна најавивме дека гејмерските лаптопи наскоро ќе станат многу потенки и помоќни, благодарение на Max-Q технологијата на Nvidia, која го оптимизира ладењето на графичкиот чип, заедно со подобро искористување на неговите перформанси. Сега HP го претстави и првиот ваков лаптоп, нормално гејмерски под брендот Omen.

Поточно, HP претстави неколку различни модели, од кои само еден доаѓа со Max-Q технологијата. Интересно, тој има Nvidia GTX 1060 графика, која е од средната класа, но која според HP, благодарение на Max-Q, може да постигне перформанси блиски на лаптоп со GTX 1080. Секако, за да се докаже ова треба да се испита во пракса, но подобрени перформанси само со оптимизација се секогаш добредојдени.

Сите модели од линијата инаку ќе бидат опремени со моќни Core i7-7700HQ процесори, 8 до 32 GB рам меморија и Nvidia GTX 1050, 1060 и 1070, односно Radeon RX 550 или RX580 графика. Ќе бидат понудени и две изведби на екраните – со 15 и 17 инчи и сите од нив ќе имаат или AMD G-Sync, односно Nvidia FreeSync, зависно од вградената графика. Цените ќе се движат од 999 до 1799 долари зависно од моделот.

Покрај перформансите, од HP велат дека кај овие нови модели е подобрено и ладењето, односно вградените кулери овозможуваат 21,8% подобар проток на воздух на 15 инчниот модел, односно 2,7% кај 17 инчниот модел.

Нормално, бидејќи се работи за гејмерски машини, сите модели во понудата ќе можат да се надградат подоцна, но тоа важи само за рам меморијата и дисковите, а исто така и тастатурата е специјално дизајнирана за гејмерите, со “antighosting”, осветлување само на WASD копчињата и копчиња со стрелки со целосна големина.

Извор: PC World, Engadget, The Verge

Претходна статијаMicrosoft спрема посебна Windows 10 верзија за “power user” корисниците
Следна статијаСамсунг ја претставува целосно новата Галакси Ј серија