Новиот Surface Book лаптоп/таблет на Microsoft е еден од најиновативните уреди во тоа поле последиве неколку години, особено поради тоа што вклучува моќна графичка картичка во долниот дел, која му овозможува убедливо најдобри графички перформанси во класата.
Благодарение на тоа што графиката е вградена во долниот дел, дисплејот може да се извади и да се користи како таблет, со помош на вградената графика од Intel процесорите, а кога се потребни високи перформанси, со враќањето на таблетот назад, повторно се активира графичката од NVIDIA.
Сепак, при официјалното лансирање, дознавме дека основниот модел со Core i5 процесор, 8 GB рам меморија и SSD со 128 GB капацитет, нема вградена графичка, односно дури и кога е ставен таблетот на тастатурата, останувате на графичката од Intel. А за моделот со посебна графичка, досега требаше да се издвојат 1899 долари и истиот доаѓаше со SSD од 256 GB.
Сега ќе биде понуден и поевтин модел со графичка, со SSD диск со капацитет од 128 GB, а по барање на купувачите. Оваа верзија ќе чини 1699 долари и се чини ќе биде многу популарна, бидејќи за само 200 долари плус, купувачот ќе добие навистина помоќен компјутер, со графика која овозможува користење на многу потешки програми, како Adobe Premier, односно дури и играње на 3D игри.
Доказ за ова е бенчмаркот подолу, на кој Surface Book буквално го уништува MacBook Pro 13 лаптопот на Apple во новата Tomb Raider игра, кој пак доаѓа со Iris 6100 Intel графика вградена на самиот процесор. Според тоа, сите кои сакаат гејминг перформанси во својот мал и пренослив лаптоп, сега со новата изведба тоа ќе може да си го дозволат по пониска цена.
Извор: Tech Radar, Engadget, Pocketnow