redstone-pc-spencer-kern

Minecraft е апсолутно една од најпопуларните игри во моментов, а со сигурност ќе остане и подолго време, благодарение на можноста за персонализирање и бесконечно проширување. Од неодамна, сопственик на играта е Microsoft, чиј дизајнер на игри Спенсер Керн, во чест на лансирањето на Minecraft Beta за Windows 10, направи и специјален десктоп компјутер, целосно тематизиран од играта.

Иако можеби на прв поглед делува така, немојте да помислите дека е земено стандардно куќиште и се направени само мали преправки. Керн почнал да го прави компјутерот од почеток и истиот е целосно рачна изработка, а посветено е многу време на деталите, па така, доколку ѕирнете во внатрешноста, ќе го видите и главниот херој на играта, Steve (The Player).

Дизајнот асоцира на “Red Stone” коцките во играта, кои играчот може да ги користи за зголемување на ресурсите и за таа цел има целосно осветлена внатрешност со црвени LED диоди. Всушност и самиот компјутер се вика “Redstone PC”. Покрај куќиштето, Спенсер направил и нови надворешни компоненти во Minecraft стил и тоа тастатура, маус и Xbox One џојстик.

Лошата вест, барем за вљубениците во Minecraft, е дека овој компјутер нема да може да го купите, односно истиот е направен пред се поради љубов кон играта од Спенсер и нормално, поради маркетинг од страна на Microsoft. Што не значи дека не може да се обидете да го направите сами, секако.

Извор: Engadget, Windows Central, Спенсер Керн (Sway)

Претходна статијаНовите iPhone-и ќе имаат многу поцврста школка и нема да може лесно да се виткаат
Следна статијаTesla S е возможно, но прилично тешко, да се хакне