Intel-Compute-Stick-Front-Tipped copy
Мини компјутерите, големи колку еден USB стик, ќе стануваат се почести, а благодарение на развојот на хардверските компоненти, како процесорот и меморијата, кои се помали и трошат помалку енергија, но и натаму нудат солидни перформанси. Ваквите уреди ги најави Intel пред неколку месеци, со Windows 8.1 мини стик, а сега најави достапност на истиот и со Ubuntu дистрибуцијата на Linux.

Разликата меѓу двата мини компјутери е само во софтверот, односно Ubuntu 14.04 64 bit vs. Windows 10 (секој компјутер со 8.1 може да се надгради бесплатно на 10). Инаку, во внатрешноста, и двата работат со Intel Atom процесор со четири јадра кои работат на 1.3 GHz, помогнат од 1 GB рам меморија и 8 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со micro SD картичка. Мини компјутерот се поврзува со надворешен монитор преку HDMI излез.

Intel-Compute-Stick-Straight-Horizontal copy

Како и сите други вакви уреди и овој ќе биде идеален за користење на големите телевизори, нудејќи целосно десктоп искуство и мноштво квалитетни програми и апликации, но и за купувачите во посиромашните земји, кои сакаат пристап до интернет, односно дури и компјутер на кој можат да работат. Верзијата со Ubuntu оперативниот систем треба да работи и малку побрзо на послаб хардвер, но не очекувајте којзнае колку добри перформанси.

Цената на стикот со Ubuntu 14.04 е 110 долари, што е 40 долари помалку од истиот стик со Windows 10, што е и очекувано, бидејќи Linux дистрибуциите се секогаш бесплатни. Следствено на тоа и можностите се помали, односно достапни се помалку програми и апликации.

Intel-Compute-Stick-Side-Right-Angle copy

Извор: TheNextWeb, Ubuntu Insights

Претходна статијаDropbox ќе нуди бесплатен простор за вклучување на дво факторска автентикација
Следна статијаMicrosoft направи табели за споредба на различните верзии на Windows 10