snapdragon-800-ces-2015

Кога станува збор за процесори секогаш помалото е подобро. Со текот на годините технологијата во која се произведуваат процесорите стигна до нанометарски размер. Со намалувањето на архитектурата на процесорот се зголемува ефикасноста, односно се добиваат подобри перформанси за помалку електрична енергија (односно батеријата трае подолго) и воедно помало загревање.

Со оглед на тоа што Exynos 7 (процесорот што го користи Samsung моменталнно) е произведен во 14-анометарска архитектура, технологијата што ја поседува Samsung е подобра од таа на TMSC (компанијата која до сега го произведуваше Snapdragon). TMSC може да произведува транзистори на 20-нанометарска архитектура што е значително назад од технологијата која ја поседува Samsung.

Имено, Snapdragon 810 не се најде во Galaxy S6 и S6 Edge поради проблеми со прегревање. Со тоа Qualcomm изгуби доста пари и мораше да го намали исходот за 2015. Но, доколку Samsung ги произведува новите чипови можно е да почне повторно да го користи Snapdragon, така што ќе го врати Qualcomm назад во солидна финансиска состојба.

Snapdragon 820 е чипот кој би требало да се произведува во фабриките на Samsung, и добри се шансите дека истиот ќе се најде во Galaxy S сериите за идната година. Предноста на овој чип е што ќе има подобрен дизајн на процесорот и јадрото за графика, но и вграден LTE модем.

Извори: TechnoBuffalo, Android Central

Претходна статијаЗошто Microsoft ќе користи „хамбургер“ менија во Windows Phone?
Следна статијаFacebook со нови промени во алгоритамот – Баланс помеѓу пријателите и страните