samsung-transparent-oled01

Битката за лансирање што понапредна и пофутуристичка технологија кај дисплеите продолжува, а повторно, главен осомничен за овие два нови уреди е Samsung. Корејскиот гигант ги претстави првите два големи 55 инчни OLED дисплеи, од кои едниот е проѕирен, а другиот е големо огледало, кое може да продуцира и слика.

Ова со огледалото веќе го имаме видено во многу мобилни од пред 6-7 години, кои беа наменети пред се за девојките, бидејќи кога беа исклучени, можеа да послужат за проверка на шминката. Големиот огледален OLED телевизор ќе има слична функција, но би се користел во големите продавници, бидејќи на него можете да пробате дури и некое парче облека на вас, односно вашата рефлексија, а ќе има и многу поостра слика и поголем контраст, како и 75% рефлексија, скоро како кај реално огледало. Samsung прикажа виртуелно претставување на златна нараквица, но можностите секако дека се многу пошироки.

samsung-transparent-oled02

Но, да го оставиме огледалниот дисплеј настрана, бидејќи токму проѕирните дисплеи се оние кои ги чекаме веќе неколку десетици години. Футуристичкиот дисплеј на Samsung не е целосно проѕирен, односно малку го затемнува она што се гледа низ него, но ова е и натаму доволно добро за да се има просторно чувство на сликата која се прикажува, слично како холограм.

Корејците велат дека и овој OLED дисплеј е убедливо најдобриот направен досега (веќе имаше неколку обиди за проѕирен дисплеј), бидејќи нуди исклучителен контраст и живи бои, како и 40% проѕирност, споредено со 10% на останатите. Како и огледалниот дисплеј и транспарентниот ќе биде наменет пред се за комерцијални цели, односно за рекламирање и слично.

И во двата дисплеи ќе бидат вградени Intel RealSense 3D камери, кои ќе овозможат интеракција без потреба од допирање на дисплејот, односно самиот тој ќе ве следи што правите и каде одите, што ќе го олесни пробувањето облека на нив на приемр.

Извор: Engadget, Ars Technica, Cnet

Претходна статијаWindows 10 Mobile ќе биде достапен од крајот на Септември?
Следна статијаHolus – Парче технологија која може да претвори 2Д во 3Д слика користејќи паметен трик