samsung_4k_blu_ray_player_2_100612282_large

Фамата околу HD се` уште не стивнува, но веќе започнува нова. Што велите за Ultra HD приказ? Не знаете што е тоа? Под Ultra HD се смета приказ кој е во рангот на 4К резолуции т.е. 2.160p (толку пиксели на висина) и 8K т.е. 4.320p. Пред да ви се сврти во глава да ви кажеме дека типичниот монитор на лаптоп има резолуција од околу 720p (на пример, 1.366 x 768) и повисока резолуција од тоа не може да прикаже. Од друга страна, постојат домашни монитори и телевизори кои веќе постигнуваат резолуции од 4K.

Токму тоа е пазарот кој Samsung сака да го освои прв. Имено, тие го претставија првиот Ultra HD BlueRay плеер кој поддржува 4К резолуции. Тоа значи дека филмовите снимени во оваа резолуција ќе можете да ги гледате без проблем по дома и да се соблазнувате на можноста да ги разликувате трепките во очите на карактерите една од друга.

Самиот плеер поддржува висока динамика на снимка и палета на бои која е 64 пати поголема од таа на 1.080p. Цената се очекува да биде околу 500 долари, а во САД се очекува да стигне во почетокот на 2016 година.

Оние филмски студија кои можат да снимат во вакви супервисоки резолуции ќе можат да наплатат премиум цена и да ги наградат своите купувачи со супердетални филмови и серии за во домашното кино и тоа многу скоро. Samsung се први кои воведуваат ваков плеер на пазарот, но прашање е дали воопшто BlueRay или било кој друг физички медиски формат има иднина со дигиталната конкуренција како Netflix, YouTube, па и Kodi.

Извор: PC World, The Verge

Претходна статијаSamsung SleepSense – Ново помагало за подобар сон
Следна статијаSnapdragon 820 ќе биде двојно побрз од 810-ката