selfy-3

Selfie сликите станаа многу популарни оваа година, па и покрај тоа што на одредена група на луѓе им стануваат досадни и ги исмејуваат, сликите во кои што човек или група на луѓе самите се сликаат се почесто можеме да ги видиме на социјалните мрежи и на други места.

Selfy е футрола за вашиот телефон која покрај тоа што го штити од можните удари и слични ситуации кои што може да го оштетат, вклучува и далечински управувач кој што служи за самите да се сликате. Далечинскиот управувач е едноставен, односно на него има само едно копче кое што служи за сликање и поврзување со мобилниот телефон. Вакви уреди за сликање со мобилните телефони постојат и од други производители, меѓутоа тие се посебни уреди кои што не можете да ги поставите на вашиот телефон и со тоа секогаш да ви бидат достапни кога ќе ви притребаат. Тука е разликата во Selfy футролата, која што на задниот дел има простор за вметнување на далечинскиот управувач, па никогаш нема да го заборавите или да треба посебно да го носите.

selfy-2

Selfy уредот работи на посебна батерија која што може да биде заменета, а се поврзува со телефонот преку Bluetooth конекција. Потребно е поврзување со телефонот само првиот пат, односно како и било кој друг Bluetooth уред потребно е да го поврзете преку менито за прилагодувања, па секое наредно поврзување е автоматско. Работи на тој начин што го контролира копчето за зголемување на звукот, кое што служи и за сликање, па доколку не е вклучена камера апликацијата притискање на копчето ќе го зголеми звукот на уредот.

Користењето на Selfy е многу едноставно. Се што треба е да ја вклучите камера апликацијата, да го поставите телефонот во позиција која што сакате, да се наместите и можете да почнете да сликате.

selfy-1

Оваа футрола доаѓа со уште неколку дополнителни можности кои што го искористуваат просторот на задната страна. Па така, таа може да се користи за поставување на уредот на трипод, за поставување во автомобил, на кацига и слично.

Selfy футролата е достапна за iPhone 5/5s и Samsung Galaxy S5 по цена од 50 долари, a ќе биде достапна понатаму и за iPad Air и iPad mini со неколку додатни можности специфични за овие уреди и нивниот формат и големина.

Претходна статијаGoogle ќе престане да ги скенира за реклами и пораките на Apps for Business корисниците
Следна статијаMicrosoft ќе претстави File Manager за Windows Phone 8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.