Фото: Qualcomm

Qualcomm уште минатата година започна со тестирања на нивниот нов Snapdragon X Elite чип кој е повеќе од добредојден во светот на Windows компјутерите. Овој ARM чип ќе донесе компјутери со перформанси и потрошувачка како MacBook серијата од Apple, со што конечно ќе видиме вистинска и сериозна конкуренција на овој план.

Минатата година споредбата беше направена со М3 чипот од Apple, па Qualcomm истакна дека нивниот Snapdragon X Elite е побрз. Ова посебно доаѓа до израз кога се користи повеќе енергија, нешто што е можност кај чипот од Qualcomm.

Од компанијата споредбата ја направија и со чипови од Intel и AMD, а секако Snapdragon X Elite е победник во сите тие тестови.

Со оглед на тоа што споредбата минатата година беше направена со постарата серија од Intel, сега од компанијата објавија дека направиле споредба и со новата Intel Core Ultra серија. Оваа серија донесува нова архитектура и начин на поставување на јадрата од процесорот, па истата функционира повеќе слично со ARM конкурентите.

Споредбата е направена со Intel Core Ultra 7 155H и Core Ultra 9 185H со познатата Geekbench 6.2 апликација. Двата чипови имаат по 16 процесорски јадра и работат на слична фреквенција.

Snapdragon X Elite има околу 50% подобри перформанси од двата чипови, а доколку перформансите се прилагодат да бидат исти, тогаш чипот троши околу 65% помалку енергија.

Ќе биде интересно оваа година, па баш ме интересира кога ќе почнат да излегуваат реални тестови од компјутери кои се достапни во продажба, а посебно ме интересира споредбата со посилните М3 Pro и Max верзии од чиповите на Apple.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаApple развива вештачка интелигенција која може да ја разбере содржината на екранот и функционира директно од уредот
Следна статијаWordPad заминува од Windows 11 со наредната поголема надградба на системот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.