Уреди на соларната енергија како извор за напојување на мобилните уреди, се повеќе ја наоѓаат својата примена, но повеќето вакви уреди не се доволно големи за да можат ефикасно да ја наполнат батеријата на мобилните уреди. Но, се чини дека сепак и овој проблем ќе биде надминат.
Неодамна, мала startup компанија која доаѓа од London, го престави својот прв гаџет, под името Solartab. Овој уред кој многу наликува на iPad, а како што и самото негово име кажува претставува соларен полнач. Solartab во моментот се наоѓа во crowdfunding фаза која се одвива на познатиот Kickstarter. Интересно е тоа што за многу кратко време, овој уред е веќе над својата цел за собирање на средства, со преостанати 16 дена до крајот на оваа кампања. Оние кој учествуваат во финансирањето на овој проект ќе имаат шанса истиот да го добијат по цена од 99 долари, додека неговата малопродажна цена се очекува да изнесува 149 долари.
Solartab е всушност 5 мегаватен соларен панел вграден во алуминиумска рамка, со вкупни димензии од 22,86 x 17,78 cm, и два USB излези на кои можат да се вклучат два уреди истовремено да се полнат. Како дополнителна опрема со овој уред доаѓа и Smart Cover направен од полиуретан, кој овозможува поставување на полначот и на влажни подлоги, како и можност за подесување на аголот на панелот кон сонцето.
Друго интересно за овој уред е тоа што, истиот има вградена масивна 13.000mAh батерија, со која се овозможува полнење на мобилните уреди кога истиот не е изложен на сонце. Со овој капацитет на батеријата се овозможува полнење на паметните телефони во неколку циклуси. Батеријата може да се наполни преку ден кога Solartab e изложен на сонце, или пак на конвенционален начин преку електричната мрежа.