97024a45d54dfa25b3c0ca1931ba726e_large

Безжичните полначи стануваат се повеќе популарни, а новите модели од мобилните телефони доаѓаат со поддршка за нивно користење. Безжичното полнење работи преку креирање на електромагнетно поле од страна на полначот од кое што се полни мобилниот уред. Сепак безжичните полначи се’ уште не подразбираат полнење на поголема оддалеченост, што ќе овозможи да го пренесувате и користите вашиот уред барем во вашата соба. За да може да се полни уредот, тој треба да биде поставен врз полначот, меѓутоа нема потреба од поврзување со кабли, што го прави неговото вклучување и исклучување нешто побрзо и полесно.

На повеќето полначи сепак им недостасува одредена работа која што ќе ги направи многу покорисни, па потребата од оставање на вашиот уред на масата скоро без можност за негова употреба останува. Овие полначи се рамни и се поставаат на масата и врз нив се поставува уредот кој што сакате да го полните. Поради легната позиција, уредот не е во можност лесно да се користи, а и не можете да го подигнете во раце, како што тоа барем можете да го направите кога го полните со кабел. Ваквата нивна карактеристика може да ги направи понепрактични од полнењето преку обичните кабли.

Swich, што претставува кратенка од Smartphone wireless charger, е така дизајниран да ја врати функционалноста на безжичните полначи и да ви овозможи лесно да го користите вашиот уред додека е пооставен на него. За разлика од повеќето други безжични полначи, Swich исто така има улога на држач, па вашиот уред ќе биде поставен во позиција која што ќе ви овозможи лесно користење. Тој е подигнат над масата и е завртен накај вас, односно поставен е под агол, наместо едноставно да е насочена нагоре. Направен е од материјал кој што му овозможува сигурно да остане на држачот без ризик од негово лизгање и паѓање. Остатокот од Swich е направен од керамика и дрво, што додава на неговиот интересен изглед.

48028aa9171323588618a747f551a69e_large

Swich е направен од страна на словенската компанија Lutman Design и моментално е претставен на Kickstarter каде што може да се нарача по цена од околу 170 долари зависно од времето на нарачка. До моментот на пишување на оваа статија, Swich има собрано повеќе од 40.000 долари од потребните 25.000 на 4 дена до истекот на рокот.

Извор: Engadget, Kickstarter

Претходна статијаInstagram е можно да работи на Snapchat конкурент, апликацијата случајно прикажана во реклама
Следна статијаДостапна апликацијата од Microsoft за менување на вашиот Windows Phone Lock Screen
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.