Марк Закерберг преку неговата Instagram мрежа објави видео во кое го „анализира“ конкурентот Apple и нивниот најнов уред Vision Pro. Со оглед на тоа што Meta одамна веќе е на овој пазар, па Vision Pro е директен конкурент на Quest 3, реакцијата од Закерберг е очекувана.
Видеото започнува со заклучокот дека иако тој знаел дека Quest 3 им нуди на корисниците поголема вредност, а во голем дел поради доста пониската цена, по пробувањето на Vision Pro тој е сигурен дека Quest 3 е подобриот производ.
Во текот на видеото тој истакнува неколку аргументи зошто смета дека е така, а добро е што ги истакнува и предностите на Vision Pro, па не може да биде „обвинет“ за празно критикување на конкуренцијата.
Видеото е во продолжение, па видете дали се согласувате со Марк.