CW-QlLBUAAASbOr.jpg large

По скоро 4 години од рацијата на домот на Ким Дотком и поднесувањето на барање за екстрадиција од страна на САД, новозеландски окружен суд донесе одлука со која што позитивно одговари на барањето.

Тоа значи дека Ким Дотком треба да биде екстрадиран во САД каде што го чека судење по неколку обвинителни акти, односно обвиненија за кршење на авторски прави, перење на пари и рекетирање.

На оваа одлука како и што би се очекувало ќе биде поднесена жалба до повисоките судови во земјата, по што дефинитивно ќе се знае дали ќе се изврши екстрадицијата.

Одлуката покрај Дотком, ги вклучува и неговите соработници Матијас Ортман, Фин Батато и Брам ван дер Колк.

Целата работа започнува поради тогаш популарниот сервис за споделување на фајлови, Megaupload. Како што на повеќето ни е познато, овој сервис беше главното место каде што беше поставувана содржина која што не смее бесплатно да се споделува.

Поради ова, обвинителите на Дотком истакнуваат дека тој бесправно се има стекнато со имот во вредност од повеќе милиони долари, како и дека ја има оштетено музичката и филмската индустрија со повеќе од пола милијарда долари.

Се разбира, Ким Дотком се брани дека неговиот сервис не е ништо поразличен од денес масовно користените Dropbox, Google Drive, OneDrive и слични, а тој има направено се што можел за да биде отстранета нелегалната содржина.

Рацијата во неговиот дом беше извршена во јануари 2012 година. Истата е направена прилично нестандардно за видот на криминал кој што е предмет на истрага. Во рацијата биле вклучени хеликоптери, специјалци обично гледани во акции против тешки криминалци, мафијаши и терористи.

Ова кажува колку сериозно се гледа на ваквите прекршители и примерот кој што се сака да се остави за другите.

Извор: The Verge, Wired, ArsTechnica

Претходна статијаПроцесорите со осум јадра не нудат подобри перформанси, ниту пониска потрошувачка во однос на оние со четири
Следна статијаStar Wars: The Force Awakens – Рецензија без „спојлери“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.