Фото: Apple

Денеска започнува WWDC 2024 конференцијата за програмерите од Apple. Како и секогаш, првиот ден е тој кој нас не интересира поради презентацијата на новите верзии од оперативните системи од компанијата, односно оваа година ќе бидат претставени iOS 18, iPadOS 18, macOS 15 и watchOS 11.

Сепак, оваа година не е баш „обична“, па годинешната WWDC со посебно внимание се очекува веќе со месеци. Причината за тоа е секако генеративната вештачка интелигенција, тренд на кој Apple ќе се приклучи после скоро две години од започнувањето.

Од досегашните информации кои ги имаме, од компанијата планираат да претстават функции со генеративна ВИ во доста од нивните апликации, но се верува дека тие треба да бидат направени така да на корисниците навистина им се корисни.

Карактеристично за Apple, од компанијата ќе дадат значење на приватноста на корисниците при користење на овие функции, па се очекува повеќето од нив да функционираат локално од самиот уред.

Дополнително, од компанијата развиваат нови сервери кои ќе работат на нивниот M2 Ultra, а наводно серверите ќе имаат „црна кутија“ за целосна приватност на интеракцијата со ВИ на корисниците.

На крајот, се верува дека Apple се има договорено со OpenAI за „четбот“ потребите, поради фактот што од компанијата се доста назад со развојот на една ваква функција.

Интересно, покрај доста новини поврзани со генеративната вештачка интелигенција, се очекува iOS 18 да добие доста дополнителни новини, како можноста за промена на бојата на иконите и нивно поставување на било која позиција.

Информациите исто така говорат дека Passwords делот во Settings ќе биде „унапреден“ во посебна апликација, па Apple со тоа на еден начин дополнително ќе стане конкурент на Bitwarden, 1Password и сличните.

Денешната презентација ќе започне во 19:00 часот по македонско време и најдобро може да се следи преку YouTube каналот на Apple.

Претходна статијаSamsung се здружи со Дизни и Пиксар за да ја промовира новата линија Bespoke AI машини за перење во новото видео за кампањата што го слави објавувањето на анимираниот филм „Inside Out 2“
Следна статијаХибридна вештачка интелигенција ориентирана кон човекот отвора нови можности
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.