Фото: БЕАМ

БЕАМ ги додели наградите за најдобрите настани реализирани во Македонија во 2025 година, на свечена церемонија што се одржа во Скопје. Фестивалот веќе четврта година ги препознава и наградува проектите што поставуваат нови стандарди во креативноста, продукцијата и стратегиската комуникација преку настани.

БЕАМ е фестивал што ја препознава и вреднува извонредноста во концепцијата, стратегијата и реализацијата на настани, а за добитниците одлучува жири комисија составена од 21 истакнат професионалец од индустријата. Проектите се оценуваат според однапред утврдени критериуми за креативност, ефикасност, продукциска вредност, квалитет на реализацијата и влијание во заедницата.

Гран При наградата за најдобар настан во 2025 година ја освои Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ за конференцијата Game Dev Rev 2025, која победи и во категоријата Најдобра конференција.

Фото: БЕАМ

Четврта година ја славиме индустријата за настани и креативноста на луѓето кои ја создаваат. Имавме одлични пријави и сериозна конкуренција, а жири комисијата и оваа година имаше тешка и одговорна задача да ги избере најдобрите. Среќни сме што БЕАМ расте со секое издание и што наградата веќе се препознава како репер за квалитетот што се создава во оваа индустрија. Им честитаме на сите номинирани и на добитниците, изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ.

Свечената церемонија ја водеше Огнен Јанески, додека наградите на добитниците им ги врачија членовите на жири комисијата.

Добитници на БЕАМ наградите за 2025 година по категории:

  • Најдобар културен настан – Infusion – 4. Фестивал на инклузија – Здружение Икуалити
  • Најдобар музички настан – Концертен караван „Нека трепка“ – Идеа Лаб
  • Најдобар корпоративен настан – 40 години НЛБ Банка – Публицис Груп
  • Најдобра конференција – Game Dev Rev 2025 – Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ
  • Најдобар настан за бренд активација – DM Find Your Beauty – Дивисион
  • Најдобар хуманитарен настан – Две години сјај, на хуманоста и нема крај – Дајмонд Мол
  • Најдобар ПР настан – 50 години, две легенди – BMW Серија 3 и Влатко Стефановски – Идеа Лаб
  • Најдобар спортски настан – Охрид Трчат 2025 – Атлетски клуб Охрид Трчат
  • Најдобар експо настан – DM Find Your Beauty – Дивисион
  • Гран При – Game Dev Rev 2025 – Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ

Фестивалот БЕАМ започна во 2023 година како платформа за препознавање и афирмација на извонредноста во индустријата за настани во Македонија. Со секое ново издание, БЕАМ поставува нови професионални стандарди, ја истакнува важноста на настаните како дел од современите комуникациски и маркетинг стратегии и ги поврзува најдобрите професионалци од оваа сфера.