Фото: БЕСТ

Доколку си студент и имаш амбиции да ја развиеш својата кариера, но не знаеш од каде да почнеш, учествувај на 21-вото издание на Job Fair, каде ќе имаш шанса лично да стапиш во контакт со професионалци од областа во која студираш. Посети нѐ, 24-27 март во холовите на МФС и ФЕИТ.

БЕСТ Скопје (Борд на Европски Студенти по Технологија) постои веќе 24 години и е проактивна, неполитичка и непрофитна oрганизација, раководена исклучиво од студенти, за студенти.

Целта е едноставна – да го подобриме студентскиот живот и студентското искуство за време на студиите.

Доказ за нашата долгогодишна традиција на подобрување на студентскиот стандард се настаните кои ги организираме: Саемот за Вработување и Кариера (Job Fair), Хакатон, Симпозиум за Едукација, Летен Академски Курс (BEST Courses) и многу други.

Job Fair (Саем за Кариера и Вработување) е четиридневен настан каде голем број на компании ќе имаат шанса да се запознаат со нивните идни работници, а студентите со нивните идни работодавци.

Фото: БЕСТ

Студентите од техничката сфера тука имаат можност да дознаат повеќе за како се работи во вистинскиот свет и што сé е всушност потребно од нив. Настанот се одвива во холовите на МФС и ФЕИТ од 24-27 март каде ќе бидат поставени штандови од врвни светски брендови.

Студентите исто така можат да го скратат времето за аплицирање за работа преку платформата која ја разви нашиот IT тим, каде со неколку клика можат да го достават своето CV до компаниите.

Доколку сè уште не успеавме да те убедиме, можеби нашиот голем избор на партнер компании ќе те предомисли. Посети нѐ на социјалните мрежи и дознај кои компании ќе учествуваат на годинешното издание. Ова е неповторлива шанса да запознаеш нови луѓе, идни работодавци и твоите идни колеги. Те очекуваме на Job Fair 2026.

За повеќе информации следи нè на социјалните мрежи: