Фото: Стартап Клуб Скопје

Стартап Клуб Скопје ја започнува 2026 година со првиот настан од серијалот Startup Revolution.ai Meetups, кој следи по успешната реализација на Startup Revolution AI Summit, настан што обедини над 1.200 учесници од целиот регион. 

Со оваа серија настани, Startup Revolution.ai продолжува да отвора важни теми поврзани со бизниси во светот на стартапи, технологии и инженерство, како и практични аспекти на водењето тимови, иновациите во развојот на производи, градењето култура на соработка и менторство, и влијанието на човечките односи врз успехот на организациите.

На 15 јануари (четврток), со почеток во 19:00 часот, во просториите на Стартап Клуб Скопје (во склоп на Среќа Бар), ќе се одржи Engineering Leaders Meetup, настан кој ги обединува искусни инженерски лидери, ИТ професионалци, но и сите оние кои се заинтересирани за инженерство, развој на производи и лидерство во технолошкиот сектор.

Во рамки на настанот ќе настапат тројца искусни говорници од меѓународни технолошки компании.

Бранко Арнаудовски, Engineering Lead во Slice, ќе зборува на тема „Човечката страна на технолошките лидери: зошто мрежите се клучни“. Со повеќе од 10 години искуство во софтверскиот развој, тој ќе се осврне на значењето на професионалните контакти, менторството и меѓучовечките односи во градењето стабилни и успешни тимови.

Игор Китановски, Head of Engineering во RLDatix, ќе ја обработи темата „Испорака на успешни производи во сложени услови на флексибилна организација“. Преку практични примери, ќе сподели искуства од водење меѓународни тимови и развој на цели технолошки и производствени структури, со фокус на луѓето, процесите и технологијата.

Душан Гајиќ, Senior Engineering Manager во RLDatix, ќе зборува на тема „Од однапред дефинирани планови до приспособлива реализација, зошто промените се тешки“. Со 15 години искуство во софтверски компании, тој ќе ги отвори прашањата поврзани со организациските промени, отпорот кон нови начини на работа и прилагодувањето во динамични средини.

Покрај предавањата, настанот ќе овозможи отворена дискусија и вмрежување, со цел размена на искуства и поврзување со професионалци од македонската технолошка заедница.

📌 Настанот е со задолжителна регистрација. Пријавувањето се врши преку онлајн формуларот: https://forms.gle/nz1ieQe9gtxAp6Np7.

Стартап Клуб Скопје и понатаму останува место каде се гради заедница на лидери, иноватори и професионалци, нудејќи простор за учење, дијалог и искрени разговори за реалните предизвици во технологијата.