Samsung-Unpacked_Invitation_SNS

Денеска во 20:00 часот на MWC 2014, Samsung ќе го одржи претходно најавениот Unpacked5 настан на кој што иако не е официјлно потврдено, се очекува да го претстави својот нов и долго очекуван Galaxy S5 модел.

За овој модел веќе имаше огромен број на шпекулации кои вклучуваат информации за неговиот дизајн, оперативен систем, хардвер и слично. За дизајнот се очекува да биде целосно нов и правоаголен со помала рамка со што ќе дојде до израз екранот. Исто така доста информации можеше да се најдат околу резолуцијата на екранот, по што беше најавено претставување на два различни модели, прво со Full HD резолуција, за да после неколку месеци следи поголемата QHD резолуција. Се очекува и промена на дизјанот на TouchWiz корисничкиот интерфејс направен од страна на Samsung. Меѓутоа со оглед на тоа што остануваат само минути во прашање, да не должиме многу со шпекулации.

На следното видео можете да го следите настанот во живо кој што треба да почне во 20:00 часот.

http://www.youtube.com/watch?v=-wOnaoq1AYE

Претходна статијаQualcomm најави три нови Snapdragon процесори
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy S5
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.