20530083292_fe5d00bb7d_h

Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ – Скопје со особена чест Ви го најавува дванаесеттото по ред издание на Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2016. Настанот ќе трае од 4 – 10 мај 2016. Ќе започне со официјално отворање и networking настан на 4 мај, а потоа следуваат денови на штандови на ГФ/АФ на 5 и 6 мај, и на кампусот технички факултети на 9ти и 10ти мај.

Job Fair е најголемиот настан кој го организира БЕСТ – Скопје. Минатогодишниот Job Fair 2015 се покажа како најуспешниот до сега со 26 компании-учеснички, врвни во својата област, и со посетеност од над 4000 студенти на деновите на штандови.

Овој саем е одлична можност компаниите-учеснички да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени, а студентите да се информираат повеќе за компаниите, нивните понуди, како и нивните главни активности. На деновите на штандови, компаниите ќе ја претстават својата дејност, како и целите и потребите насочени кон амбициозен и квалификуван кадар.

На Job Fair заинтересираните студенти ќе имаат можност да присуствуваат на разни предавања, презентации, soft skills тренинзи и натпревари одржани од страна на компаниите. Студентите целат кон квалитетна пракса или работно место, а тоа е она што Job Fair им го нуди. Сè што студентите и (пост)дипломците треба да направат е да го остават своето CV на www.jobfair.org.mk. Истото ќе стане дел од нашата динамична датабаза, до која имаат пристап сите компании учеснички во текот на целата година.

Традиционално, оваа година БЕСТ-Скопје се стреми кон уште поголем и поуспешен Job Fair. Затоа, оставете CV на www.jobfair.org.mk, следете ги информациите, и бидете чекор поблиску до вашата кариера!

_________________

БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Претходна статијаАрцелорМиттал Скопје придонесе за подобра иднина и образование за студентите на факултетот за електротехника и информациски технологии
Следна статијаГрафен во велосипедски гуми на Vittoria значително ги подобрува нивните карактеристики
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.