Љубљана, Словенија, 24.04.2025 година – Во период од 5. до 8. јуни, 2025 година, Љубљана ќе биде домаќин на Европскиот фестивал за дизајн (European Design Festival – EDF) и Европските награди за дизајн (European Design Awards – EDA), еден од најпрестижните настани во областа на графичкиот дизајн во Европа. Како главен протагонист на Фестивалот оваа година ќе биде екцентричноста, а главната тема е: Екцентричност во Фокус. Во организација на Европската Федерација за Дизајн и Фондацијата Брумен, се очекува фестивалот да привлече приближно 500 дизајнери, предавачи и други професионалци од областа на визуелните комуникации, во главниот град на Словенија.
Европските Награди за Дизајн (EDA) се сметаат за едни од најпрестижните индустриски признанија во доменот надизајнот. Се доделуваат во рамки на Европскиот Фестивал за Дизајн (EDF) од 2007 година, но за прв пат во историјата фестивалот, истиот ќе се одржи во Словенија. Организаторите на фестивалот ветуваат богата програма на различни локации низ Љубљана. Покрај Европскиот Фестивал и Европските Награди за Дизајн, Љубљана ќе биде домаќин и на состанок на Меѓународниот совет за дизајн (International Council of Design – ICoD), што дополнително го зајакнувамеѓународното значење на настанот. На конференцијата на Меѓународниот Совет за Дизајн ќе има предавања и работилници на кои ќе се дискутира за иднината на дизајнот и неговото општествено влијание. Посетителите на фестивалот ќе можат со еден билет да присуствуваат на настаните организирани како дел од EDF и ICoD.
„Горди сме што сме домаќини на настан од ваков формат и големина во Словенија. ЕДА и ЕДФ претставуваат можност Љубљана да застане покрај европските метрополи кои се препознаени како главна крстосница на културата и уметноста. Ова исто така е и одлична можност за жителите на Словенија и соседните земји, бидејќи ќе имаат шанса да ги видат најдобрите дела на европските дизајнери токму овде, во Љубљана“ – изјави Радован Арнолд, Претседател на Одборот на Фондацијата Брумен, која ги организира овогодинешните ЕДФ и ЕДА.
Реномирани Говорници и Богата Програма
Главната конференција во рамки на Европскиот Фестивал за Дизајн ќе се одржи во Белата Сала на “Гранд Хотел Унион“ во период од 6 до 7 јуни, а на неа ќе присуствуваат истакнати европски дизајнери и теоричари на визуелни комуникации. Дел од конференцијата ќе биде и Словенката Петра Черне Овен (Petra Černe Oven), универзитетски предавач и реномиран експерт за типографија и теорија на дизајн, како и Нејц Прах (Nejc Prah), интернационално наградуван графички дизајнер и добитник на наградарта на Прешерн Фондот. Конференцијата ќе се фокусира на клучни теми од областа на современиот дизајн – иновации во визуелните комуникации, дизајн за дигитални медиуми, одржливост и општествено одговорни пристапи и типографија како основен елемент на модерната комуникација.
Работилници, Изложби и Настани за Вмрежување
Европскиот Фестивал за Дизајн 2025 исто така опфаќа и бројни настани и изложби во текот на месец јуни. Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на работилница на студиото “Типоренесанса“ со калиграферот и дизајнер Марко Дрпиќ (Marko Drpić). Дополнително, дел од програмата е и “Typo Walk“ во Љубљана, со Домен Фрас (Domen Fras), графички дизајнер и типографер со повеќе од 20 години работно искуство и добитник на бројни национални награди, како и “Design Walk“, во чии рамки учесниците ќе го откријат креативниот процес на дел од најистакнатите дизајнери од Словенија.
Истовремено, низ Љубљана ќе се одржат неколку изложби. Главната фестивалска изложба, Ексцентричност – Дизајн надвор од фокус која ќе се одржи во Градската сала на Љубљана ќе ги прикаже неконвенционалните дизајнерски пристапи од Словенија и поранешните југословенски републики. На изложбата ќе бидат претставени дела на над педесет графички дизајнери, меѓу кои Миљенко Лицул (Miljenko Licul), Ранко Новак (Ranko Novak), Томаж Кржишник (Tomaž Kržišnik), Тања Радеж (Tanja Radež), Нејц Прах (Nejc Prah), Славимир Стојановиќ (Slavimir Stojanović), Слободан(Slobodan) и Савета Машиќ (Saveta Mašić), Борис Љубичиќ (Boris Ljubičić), Студио Сонда (Studio Sonda), Мирко Илиќ(Mirko Ilić), Трио Сараево (Trio Sarajevo) и други. Специјална изложба ќе се одржи во галеријата “Чукрарна“, а ќе бидат организирани и неколку студентски изложби. Катедрата за Визуелни Комуникации и Дизајн при “ALUO UL“ ќе претстави студентски дела на улицата “Долењска“ (Dolenjska cesta) како дел од Отворената академија, прославувајќи го јубилејот –80 години постоење на “ALUO“. На плоштадот “Конгресни трг“ ќе бидат изложени трудовите на студенти по графичка и медиумска технологија и графичка и интерактивна комуникација од “NTF UL“, додека на плоштадот
“Нови трг“ присутните ќе може да ги погледнат проектите на студентите на визуелни комуникации при Факултетот за дизајн. Галеријата на постери “ТАМ-ТАМ“ во “Фиговец“ ќе биде домаќин на дела на студенти од Кина од Институтот за креативни уметности при Универзитетот Ксиамен (Xiamen).
Љубљана ќе Стане Европска Крстосница на Дизајнот
Како домаќин на Европскиот Фестивал за Дизајн и Европските Награди за Дизајн 2025, Љубљана се позиционира како водечка крстосница за современата визуелна култура и дизајн во регионот. Се очекува фестивалот да привлече бројни меѓународни гости и да ја зајакне репутацијата на градот како значаен европски културен и креативен центар. Европските Награди за Дизајн 2025 ќе бидат уникатна можност за соработка со светски познати дизајнери, истражување на трендовите во визуелните комуникации и промовирање на словенечкиот графички дизајн на глобалната сцена.
Повеќе информации: https://europeandesign.org.