ms-win10-event-1

Заврши Windows 10 настанот на Microsoft, па веќе може да ги оставиме шпекулациите и да се дадеме на читање на интересните работи кои беа претставени.

Дефинитивно може да се каже дека ова беше навистина интересен настан, во стилот на компанијата предводена од веќе не толку новиот директор Сатја Надела. Последните неколку настани, како и овој од денес, секогаш вклучуваат нови и интересни уреди, кои подоцна се покажуваат како навистина успешни на пазарот.

Во оваа статија ќе ги наброиме работите кои беа дел од настанот, а во посебни статии ќе можете да прочитате повеќе и подетално за истите. Па да почнеме, за што се’ говореше Microsoft на денешниот настан?

Microsoft Surface Studio

Можеби главната тема на шпекулациите пред настанот беше овој нов уред, кој навистина беше претставен. Се работи за се-во-едно десктоп компјутер наменет да ги замени стандардните десктоп компјутери.

Со оглед на тоа што компонентите се наоѓаат во основата на мониторот, не во самиот монитор, истиот беше претставен како најтенкиот LCD монитор со дебелина од само 12.5mm. Големината на екранот изнесува 28 инчи и има резолуција од 4500 x 3000 пиксели, а е изработен од алуминиум, што му дава одличен изглед.

Microsoft Surface Book i7

Ова е втората генерација од овој одличен и популарен лаптоп. Како што се очекуваше, тој не вклучува некои значителни промени во дизајнот, а главните промени се наоѓаат внатре. Surface Book i7 доаѓа со посилен процесор, повеќе рам меморија, посилна графика и најавено траење на батеријата до 16 часа.

Нови уреди за виртуелна реалност

Microsoft во соработка со повеќе од нивните партнери, поточно HP, Dell, Lenovo, Asus и Acer, претстави нови уреди за виртуелна реалност. Самиот директор Сатја Надела најави дека ваквите уреди се иднината, а Microsoft нема да ја направи истата грешка како со мобилните телефони, да на станат доволно релевантни на време.

Surface Dial

Како додаток на новиот Surface Studio се-во-едно компјутер, Microsoft претстави и еден до некаде чуден и интересен уред. Се работи за Surface Dial, уред во форма на хокејски пак, наменет да се постави врз екранот на компјутерот.

При поставување на екранот, околу уредот се појавуваат различни менија, кои со негово кружно движење, може да се избираат, односно менуваат степените на одредена функција.

Windows 10 Creators Update

Ова е официјалното име на наредната поголема надградба на Windows 10, досега нарекувана Redstone 2. Истата ќе донесе низа на новини меѓу кои, новата Paint 3D апликација, нови можности на taskbar-от како додавање на пријателите и слично.

Како што најавивме, детално за сите работи кои беа претаставени ќе можете да прочитате во посебни статии.

Претходна статијаMicrosoft Surface Studio е „се во едно“ компјутер наменет за креативците
Следна статијаУште само еден ден до почетокот на Стартап Викенд Скопје
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.