Нејзината цел е да ги промовира резултатите и придобивките од проектот како и да придонесе за промоција на претприемништвото во регионот. На настанот ќе учествуваат панелисти претставници од партнерските организации од Македонија, Грција, Албанија, Бугарија и Кипар, како и претставници од компании и граѓанскиот сектор од овие земји.

Регистрација на учесници е на следниот линк, а сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од овој настан ги очекуваме најдоцна до 18-ти септември.

Агендата за настанот можете да ја погледнете на следниот линк.

Проектот кој започна во 2017 година, имаше за цел низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постоечки мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи.

Проектот беше насочен кон претприемачите, а целта е тие да се здобијат со нови знаења и вештини и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

Претходна статијаHuawei ги претстави Watch GT 2 Pro и 5 нови производи, дел од стратегијата Seamless AI Life на компанијата
Следна статијаЦаровска и Деспотовски ги презентираа иновативните ваучери – ФИТР воведува нова поддршка за компаниите и универзитетите