За прв пат оваа година од 19ти мај до 19 јули, во центарот на Скопје, Sportmaster во покровителство со Град Скопје го организира “Скопје е нашиот маратон”.

“Скопје е нашиот маратон” е урбана градска патека во централниот дел на Скопје, која што мажи, жени и деца ќе може да ја користат за трчање или прошетка, поминувајќи покрај најзначајните скопски знаменитости. Патеката е означена со патокази за полесно движење.

Патеката воедно ќе има и натпреварувачки карактер, затоа што сите учесници ќе може преку било која апликација за трчање (пр. Strava), да го измерат своето време и да го пријават својот резултат. Сите учесници добиваат награди (влезници, маици, книги, ваучери итн.), а најдобрите тројца добиваат Sportmaster Premium месечни пакети.

Со овој настан сакаме да го насочиме вниманието кон превенција и надминување на последиците врз здравјето од недостаток на физичка активност.

Ги повикуваме сите спортисти и рекреативци да ја истрчаат нашата урбана патека и да го споделат своето искуство со своите блиски и пријатели!

Грижи се за своето здравје, истрчај ја патеката, пријави го твојот резултат и добиј награда!

Повеќе за целиот настан можете да прочитате на: https://sportmaster.mk/maraton

Претходна статијаGSMA заедно со Huawei, Еricsson, Nokia и ZTE: Опсегот од 6 GHz е иднината на 5G
Следна статијаФИТР и УНИЦЕФ го обновуваат партнерството за поддршка на младите при работа на иновативни еко-решенија