Jeremy Abbett

Креативецот и иноватор Џереми Таи Абет, гостин на Weekend Media Festival-от.

Старата фабрика за тутун во Ровињ од 22 до 25 септември наскоро ќе стане војно поле на креативни идеи и интересни предавачи, а името кое дефинитивно ќе одекне оваа година е Џереми Таи Абет. Тој е креативец и иноватор кој соработува со низа на успешни компании како што се Adidas, Zalando, Saathchi&Saatchi, а може да се пофали и дека е соработник на Google.

Својата кариера Џереми ја започнал како основач и директор за дизајн одговорен за брендирање и корисничко искуство на мобилниот старт-ап Stuffle, кој поради неговиот труд ги има добиено Webby, Lead и Lovie надградите, а на крај Apple ја препознава како една од најдобрите апликации на 2012 година. Од 1996 Абет работи како ко-основач на компанијата Fork Unstable Media која има соработувано со големите имиња како Beiersdorf AG, Lufthansa и Daimler, како и со магазинот Wired Magazine. Исто така, ко-основач е и на мултидисциплинското студио Truth Dare Double Dare кое веќе 16 години работи како советник за културните институции како Carnegie Hall i Guggengheim, а воедно е и советник за брендовите како BMW, Adobe и Gruner + Jahra.

Креативниот развој на Абет имал интересен пат. Со Fork Unstable Media работел на три проекти кои се купени од страна на Музејот на модерни уметности во Сан Франциско, а денес е еден од постдипломските основачи на Interaction Design Ivrea. Она што на овој креативец му претставува константен предизвик е спонзорирањето и менторирањето на старт-апи и работилници.

Со мотото „Правејќи ги работите допирливи“ веќе три години работи за Google каде ги подучува другите како да развијат иновациски вештини и воедно оддржува и работилници кои се фокусираат на креативниот процес. Со своите карактеристики на креативен лидер се има истакнато баш поради својот посебен пристап кон технологијата за која смета дека не може да се издви од креативноста. Поради тоа не чуди дека го нарекуваат „креативен евангелист“ затоа што интензивно работи на градење на критична маса која овозможува поддршка на одредени технологии. Тоа конкретно значи дека промовира користење на одредени производи или технологија низ разговори, статии, блогови или снимени демонстрации.

Судејќи според количината на проекти, Џереми Тау Абет својата кариера се’ уште успешно ја насочува во нагорен пат, а неговото импресивно искуство и свежи идеи посетителите ќе можат да ги видат на овогодишниот Weekend Media Festival, најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа кој се организира под генералното покровителсство на Адрис групата.

Претходна статијаСамсунг на ИФА 2016 креира нова дефиниција за потрошувачкото искуство
Следна статијаСветски имиња на пред – акцелераторската програма на Seavus инкубатор