wwdc-2016

Можеби за широката публика поинтересни се настаните од Apple на кои тие претставуваат нови уреди, но сепак и WWDC настанот наменет за програмерите во главно е нешто што не треба да се пропушти. Ова посебно важи за фановите на компанијата и нивните платформи кои ќе бидат главни на презентацијата.

Од Apple започнаа да испраќаат официјални покани до медиумите, странските се разбира, па сега имаме официјална информација за тоа кога точно ќе се одржи настанот.

WWDC 2016 ќе се одржи на 13-ти јули со почеток од 19:00 часот по македонско време во Bill Graham Civic Auditorium во Сан Франциско. Настанот официјално ќе трае до 17-ти јули.

Како што стои и на официјалната страна од настанот, на него може да се очекуваат новости поврзани со OS X, iOS, watchOS и tvOS.

За нас слободно може да се каже најинтересни ќе бидат новостите поврзани со iOS, а се очекува да може да се дознае повеќе за наредната верзија од оваа позната платформа, односно iOS 10.

Презентациите како и обично ќе може да се следат во живо, а ќе бидат достапни и снимки доколку не сте во можност да ги следите веднаш. Преносите и снимките може да се гледаат на следниот линк.

Извор: Cnet

Претходна статијаAMD претстави нови лаптоп чипови со подобри перформанси и помала потрошувачка
Следна статијаSamsung претстави SSD диск од 512 GB со големина на поштенска марка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.