Коронавирусот, поточно наречен COVID-19, започна и се’ уште е најмногу распространет во Кина. Градот во којшто започна целата епидемија е Вухан, каде има и голем дел на фабрики по кои е позната оваа земја, скоро се се’ прави во Кина, нели.
Earth Observatory од NASA објавија колкава е концентрацијата на нитроген диоксид во Кина, односно загадувањето кое доаѓа од автомобилите, фабриките и слично, поради тоа што забележале дека тоа е значително намалено изминатиот месец.
Поради појавата на вирусот, најголемиот дел од фабриките се затворени, а намален или целосно запрен е и јавниот сообраќај во и до засегнатите региони во земјата.
Од NASA истакнуваат дека нивото на загаденост секоја година се намалува при крајот на јануари и почетокот на февруари, поради кинеската нова година и затворањето на фабриките, но потоа тоа се враќа на своите стандардни и големи нивоа.
Оваа година, поради тоа што фабриките остануваат затворени, нивото на загаденост е значително намалено до степен што и скоро не се забележува, како што може да се види и на сликите.

Оваа информација единствено може да се земе како уште еден доказ и показател какво е влијанието на околината од човештвото, односно од сообраќајот, фабриките и слично, па колку тоа значително се намалува кога истите се затворени, иако во овој случај од причини кои не би сакале да постојат.