the_tree_of_eternal_life_by_cruisnick-d4h5fmi

Не се секирајте, не е како што изгледа. Не сме тука да ви кажеме дека треба да јадете нездрава храна и дека така ќе си го продолжите животот. Тука сме да ви предочиме дека еден истражувач, Михаил Шчепинов од Retrotope (компанија базирана во Лос Алтос, Калифорнија), експериментира со таканаречените „тешки“ масти кои имаат потенцијал да имаат силен позитивен ефект за телото, па дури и значително да го забават стареењето.

Тој започнал да го развива овој метод преку пронаоѓање начин за третирање на друга болест – Фрајдрајгова атаксија. Оваа болест е предизвикана, слично како и стареењето, преку молекуларен напад врз нашите клетки. Кога нашите клетки ги извршуваат своите метаболички процеси тие ослободуваат слободни оксидативни радикали. Слободните радикали имаат слободни електрони во својот состав и очајно бараат пар за да извлечат електрон од некое друго соединение, што многу често е ѕидот на клетките, па дури и нашата ДНК.

Со текот на времето телото не успева да се бори доволно силно против слободните радикали и штетата од нив почнува да се акумулира во облик на нефункционални и мртви клетки – процес кој го нарекуваме стареење. Идејата на Шчепинов е да ги замени барем дел од нашите масти кои ги градат ѕидовите на клетките со т.н. тешки масти, односно, масти кои во својот состав немаат водорот туку деутериум (тешкиот роднина на водородот). Деутериумот има уште еден неутрон плус во своето јадро. Вака градените тешки масти докажано се поодбивни на распаѓање, и, според Шчепинов, можат да бидат клуч во решавањето на Фрајдрајговата атаксија – и на едниот главен фактор за стареење. Едноставно, слободните радикали многу потешко ќе можат да ги распаднат ѕидовите на клетките.

Неговата идеја е да се почне со тестирање на глувци и глодари кои често се користат во тестирањата на вакви експериментални препарати, пред започнувањето на клиничките тестови. Инаку, клиничките тестови ќе започнат во Jуни и ќе се состојат од апчиња кои испитаниците редовно ќе ги пијат. Апчињата ќе имаат во себе тешки масти и ќе бидат тест за толерантноста на организмот на истите.

Ако тестот е успешен и не се покажат негативни ефекти, потоа ќе може да се тестира дали ваквите тешки масти ќе влијаат позитивно на животниот век. Тие дури ќе можат да помогнат на подобрување на некои состојби, на пример, повредени нерви кои можно е да се излечат со помош на ваквите масти. Бесмртноста е можна и полека одиме кон нејзиното остварување. Да се надеваме дека ќе бидеме живи се` уште кога ќе биде достапна за нас.

Извор: NewScientist

Претходна статијаКонцепт летало за истражување на Венера на чекор да биде остварено
Следна статијаMicrosoft ќе ги отфрли старите додатоци кај Edge за зголемена безбедност