Фото: NASA

Како што беше најавено по успешното лансирање на Dragon леталото од SpaceX на почетокот од оваа недела, истото во текот на вчерашниот ден успешно се врати назад на Земјата, а со себе ги врати и двајцата астронаути кои беа „оставени“ на Меѓународната Вселенска Станица минатата година.

Се работи за астронаутите Суни Вилијамс и Бич Вилмор, кои на 4 јуни минатата година беа дел од тестирањето на Starliner леталото од Boeing, а еден ден подоцна успешно пристигнаа на Меѓународната Вселенска Станица. 

Нивната мисија требаше да трае околу осум дена, меѓутоа поради проблеми со Starliner леталото, беше одлучено истото празно да се врати на Земјата. Двајцата астронаути дури сега после повеќе од девет месеци се враќаат назад.

Според информациите, SpaceX и Елон Маск имаат понудено да ги вратат астронаутите уште минатата година, но наводно истото не било прифатено од страна на администрацијата на Бајден. 

Заедно со Вилијамс и Вилмор назад се вратија и астронаутите Ник Хејг и Александар Горбунов од Roscosmos. 

Dragon леталото Freedom официјално слета на Земјата во 22:57 часот синоќа, во близина на брегот на Флорида, односно во Мексиканскиот Залив. Истото успешно беше пречекано од страна на екипите од SpaceX, а астронаутите однесени во Johnson Space Center на NASA во Хјустон. 

За време на својот доста продолжен престој, Вилијамс и Вилмор не чекале само да бидат вратени. Тие биле дел од функционирањето на станицата, односно извршувале научни истражувања, вселенски прошетки и повеќе. 

Во продолжение можете да ја гледате снимката од мисијата на NASA.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаSamsung го најави официјалното пуштање на One UI 7 за идниот месец
Следна статијаТелеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.