Microsoft не го штеди Windows 11 кога е во прашање додавањето на нови функции со вештачка интелигенција, затоа добро е кога ќе се види додавање и на некоја мала, но доста корисна функција.
Центарот за известувања, односно лентата која се појавува од десната страна на корисничкиот интерфејс, има вградено календар уште од Windows 10. За разлика од календарот во Windows 11, тој во Windows 10 логично ја прикажуваше агендата на корисникот, односно закажаните настани.
Оваа функција беше тргната од календарот во центарот за известувања со претставувањето на Windows 11, а којзнае која била логиката зад оваа одлука на Microsoft.
Во месеците што следат, календарот повторно ќе ја добие оваа корисна функција, па корисниците ќе можат да ја видат својата агенда со едноставен клик на центарот за известувања.
Покрај тоа, тие од овој дел ќе можат и да се приклучат на некој состанок, како таков преку Microsoft Teams, на пример, како и да имаат интеракција со Microsoft 365 Copilot.
Од Microsoft истакнуваат дека оваа новина, како и уште цела низа на новини, ќе стане достапна за дел од корисниците од идниот месец, по што во месеците што следат можат да ја очекуваат и останатите.










































