Коментарите дека Always On екранот, кој Apple конечно го воведе со iPhone 14 Pro, е многу подобро имплементиран во споредба со Android, брзо беа покриени од критиките на корисниците.
Разликата во имплементацијата е што Apple направи да се што се прикажува на „заклучениот екран“, вклучувајќи ја и позадината, се прикажуваат како Always On екран, само со намалување на светлината на екранот.
За разлика од ова решение, Android корисниците добиваат целосно посебен дел чија цел е да биде што повеќе едноставен, меѓу другото и за заштеда на батеријата.
Во најновата бета верзија од iOS 16, поточно iOS 16.2 beta 3, Apple додаде две нови опции во менито за Always On екранот, кои можеби требаше да ги има уште почетокот.
Корисниците ќе можат да изберат дали сакаат да им се прикажува позадината, а исто така ќе можат да изберат дали да им се прикажуваат и известувањата.

Со ова Always On екранот може да се направи да биде навистина едноставен и да се користи во главно за гледање на часовникот или да се направи повеќе сложен, изборот е на корисниците.
iOS 16.2 треба да им биде пуштен на сите корисници во наредните месец дена, што значи дека нема да треба да се чека многу време.