Фото: Vlad R на Unsplash

Google и Apple работат на подобрување на функцијата која овозможува корисниците да ги префрлат своите податоци и прилагодувања од Android на iPhone и обратно, кога ќе купат нов телефон. 

За жал, засега нема повеќе информации за какви конкретно подобрувања на ова искуство може да се очекуваат, освен тоа дека истите ќе бидат дел од наредните бета верзии од двата оперативни системи. 

Корисниците моментално ги имаат апликациите Android Switch и Move to iOS за префрлување на нивните податоци, па ќе видиме дали новата соработка помеѓу Google и Apple ќе донесе нешто што вреди да се истакне. 

Со оглед на тоа што ваквите новини Google во главно ги развива за нивните Pixel уреди, не е познато дали и кога останатите производители на уреди со Android би ги прифатиле новините.