Windows 11 дефинитивно остава простор за критикување, а една област која е често критикувана е неконзистентниот кориснички интерфејс, поточно останати делови уште од првите верзии од системот.
Таков беше примерот со Task Manager апликацијата, а ги има доста такви делови кои користат стар дизајн, кратко кажано, иако Windows 11 донесе и целосно нов дизајн наречен Fluent.
Run прозорецот, кој во главно се користи од страна на понапредните корисници, е еден ваков пример за користење на кориснички интерфејс претставен уште од Windows 95. Тоа значи дека во Windows 11 сѐ уште има делови кои се и по 30 години стари.
Како дел од тест верзиите од Windows 11, но и во нив, „сокриена“ е промена на Run прозорецот со нов Fluent дизајн. Од компанијата сигурно сметаат дека повеќето корисници не ја користат оваа „апликација“, па не било приоритет да се редизајнира.
Без разлика на оваа логика, Windows 11 беше доста голема надградба со целосно нов дизајн, па од Microsoft не требаше да си дозволат да остават до толку стари делови од системот да се со стар дизајн.
Интересно е што Run прозорецот доби поддршка за темната тема на Windows 11 дури оваа година, така да на крајот добро е што Microsoft почнува да дава внимание на овие „ситници“.










































