Најновата верзија од Windows 11 во Dev каналот од Windows Insider програмата донесува не толку мала листа на новини кои ни покажуваат што може да очекуваме за сите нас во иднина. Не сите новини од Dev каналот мора да бидат пуштени во другите верзии, но голем дел од овие веруваме дека ќе бидат.
Една доста корисна новина која доаѓа со оваа верзија е можноста да се исклучат апликациите кои се закочени директно од „таскбарот“. Тоа се прави преку новата можност во менито кога ќе се притисне на десното копче на иконата од апликацијата наречено „End task“. За ова да се направи сега мора да се вклучи Task Manager апликацијата, да се најде процесот, односно апликацијата и истата да се исклучи.
File Manager добива редизајниран „Details“ дел, нешто што од во правец на целосното редизајнирање на оваа апликација, но типично за Microsoft тоа го прави дел по дел, па уште гледаме стари елементи, некои дури и постари од 15 години.

Делот за бирање на „виџети“ добива нов изглед, а сега може да се каже дека е направен како што треба. На левата страна ќе има посебна лента со категории на виџети или името на апликацијата, а на десната страна ќе биде прикажан самиот виџет да може да се види пред да биде поставен. На овој начин функционираат виџетите на macOS, па добро е што Microsoft се реши за ова подобро решение.

Во оваа верзија корисниците добиваат и еден нов виџет, а тоа е виџетот од Facebook. Тој од Messenger веќе им е достапен на сите корисници, па во периодот што следи може да го очекуваат и тој од главната мрежа. Виџетот ги прикажува најновите известувања од мрежата.

Сите новини кои се дел од оваа верзија на Windows 11, можете да ги погледнете тука.