Фото: xAI

Chat функцијата која ги замени директните пораки во X мрежата, како што се очекуваше, ќе биде достапна и како посебна апликација. Ова одамна е најавувано како цел од страна на Елон Маск, па X станува повеќе од тоа што беше додека се викаше Twitter. 

XChat е името на апликацијата и истата веќе може да се „пред-нарача“ во App Store, па кога ќе стане достапна автоматски да се инсталира. Достапноста е најавена за 17 април, а веднаш нема да има и Android верзија. 

Апликација, исто како и Chat функцијата во X, се промовираат како приватни, а разговорите се заштитени со „од-крај-до-крај“ шифрирање. Како дел од функциите за подобрена приватност достапни се и можноста за бришење на испратените пораки за сите, можност за блокирање на „слики од екранот“ од апликацијата, како и пораки кои се бришат автоматски. 

XChat може да се користи и за аудио и видео разговори, односно сите функции од Chat функцијата се достапни и на посебната апликација. 

Маск не ретко се надоврзува со коментари кога ќе се објави нешто против приватноста на WhatsApp, која дефинитивно е сомнителна, па ја промовира својата XChat функција и апликација. 

Сепак, од тоа што може да се види во информациите за приватност на апликацијата, како и од повеќе извори, XChat не личи како на апликација која може да и конкурира на Signal, на пример, односно не личи на апликација на која може баш така лесно да и се верува за тајни разговори. 

XChat е достапна во App Store преку овој линк