Фото: Microsoft

Microsoft официјално ја објави верзијата 2.8 на WinUI Gallery, апликацијата наменета за програмерите која служи како централен ресурс за истражување на WinUI 3 контроли, примери за код, насоки за дизајн и развојни алатки. 

Кратко кажано, ова е апликацијата која ги поставува насоките за развојот на апликации за Windows 11, од нивниот унифициран изглед, до интеграцијата со одредени елементи на системот и слично. 

Ова најново ажурирање се фокусира на зголемување на продуктивноста и подобрување на корисничкото искуство преку интеграција на нови функции, подобрена пристапност и технички надградби кои го следат развојот на екосистемот на Windows. 

Апликацијата е достапна за преземање преку Microsoft Store, додека изворниот код е отворен за преглед и придонеси на GitHub.

На техничко ниво, WinUI Gallery сега е надградена за да ги користи .NET 9 и Windows App SDK 1.8.5, притоа усвојувајќи го новиот формат .slnx за проектите. Овие промени резултираат со подобрена брзина на стартување и општи подобрувања во перформансите на апликацијата. 

Визуелното искуство е исто така рафинирано со додавање на над 60 нови Segoe Fluent икони во алатката за избор на икони, подобрен распоред, оптимизирани влезни анимации и зголемена читливост на текстот. 

Имплементацијата на новата насловна лента на WinUI придонесува за почист кориснички интерфејс, додека истовремено се решени бројни проблеми поврзани со пристапноста и функционалноста за влечење и пуштање елементи. 

Ажурирањето е реализирано со значителна помош од заедницата на програмери кои директно придонесоа за поправките и новите функции.