Windows 11 има нешто построги барања за тоа кои компјутери се сметаат како компатибилни со овој оперативен систем. Тоа значи дека голем дел од корисниците на Windows 10 ќе ја видат пораката дека нивниот компјутер не е компатибилен со Windows 11 и поради тоа тие не можат да ја инсталираат бесплатната надградба.
Сепак, има начини како да се инсталира Windows 11 на некомпатибилен компјутер, а насоки за истото има и директно од Microsoft.
Ова значи дека не сите компјутери кои работат на Windows 11 се компатибилни, односно официјално поддржани од Microsoft.

Од компанијата почнаа со тестирање на ознака, поточно жиг во десниот долен агол, на кој се истакнува дека системските барања не се задоволени. Во оваа фаза ознаката е тука само како информација, а не се скратени одредени функции на системот.
Оваа ознака е слична како ознаката кај корисниците кои користат нелиценциран Windows, но во тој случај одредени функции на системот се ограничени.