Фото: Samsung

Вашиот паметен телефон во суштина е ваш личен центар за податоци – во него се чува сè: од авионски карти и податоци за кредитни картички до илјадници фотографии од вашето куче (или маче). Secure Folder, заштитен со Samsung Knox, ви нуди приватен, шифриран простор каде што можете безбедно да ги зачувате сите тие податоци, далеку од љубопитни очи. Тоа е како скриен сеф во вашиот телефон каде само вие можете да пристапите преку отпечаток од прст или лозинка.

Скопје, 11 декември 2025 – Под хаубата, Samsung Knox користи безбедност на одбранбено ниво, во која веруваат компании и институции ширум светот. Така, дури и кога го споделувате телефонот за да покажете некоја фотографија, можете да бидете сигурни дека останатите податоци остануваат недостапни за другите. Всушност, Samsung Knox е толку моќен што имате заштитен телефон на одбранбено ниво внатре во вашиот телефон, што ви овозможува да преземете уште еден сет апликации во рамките на Knox профилот, кои се безбедно зачувани под лозинка или преку сензорот за отпечаток од прст.

Затоа Samsung Knox е идеален кога го користите приватниот телефон за деловни цели, бидејќи приватните апликации ги чувате надвор од Knox контејнерот, а деловните апликации се заштитени на вашиот приватен телефон или обратно — приватните се заштитени, а деловните се на главниот профил, во зависност од ИТ политиката на вашата компанија.

Фото: Samsung

Совршена комбинација: Galaxy A serija и Galaxy S25 FE ја донесуваат оваа корпоративна заштита до уште поголем број луѓе – совршена за приватни телефони што се користат за работа, со сигурни перформанси, долготрајна батерија и дури шест години OS ажурирања за серијата Galaxy A и седум години за моделот S25 FE.

Сè уште немате Samsung Galaxy телефон или имате постара генерација на Galaxy модел? Samsung ве поканува да ја преземете апликацијата Try Galaxy и да ги испробате најновите функции на Galaxy паметните телефони директно на екранот на вашиот сопствен уред.