Фото: Microsoft

При крајот на минатиот месец Microsoft ја претстави новата категорија на компјутери кои се специјално направени да функционираат со вештачка интелигенција.

Наречени Copilot+, овие нови компјутери се и првите Windows компјутери кои ќе функционираат како што треба на ARM чиповите и конечно ќе донесат посериозна конкуренција на MacBook од Apple.

Една од главните новини кои беа презентирани и ексклузивно достапни за Copilot+ компјутерите е функцијата наречена Recall. Оваа функција во основа прави слика од се што прави корисникот за подоцна да може да му овозможи пребарување на историјата на користење на компјутерот.

Recall е направена на основа на вештачка интелигенција, а тоа значи дека сите слики се претвораат во текст, односно од нив се вади содржината и значењето за поточно пребарување.

Од Microsoft уште на самата презентација најавија дека Recall функционира локално на самиот уред, па корисниците не треба да се грижат за својата приватност, односно дека сето тоа што го „снима“ функцијата не завршува на серверите од компанијата.

Сепак, Кевин Боумонт објаснува дека Recall не е баш безбедна функција како што Microsoft ја претставува. Да, податоците се чуваат локално, но тие се во обичен текст, односно не се шифрирани и со тоа заштитени.

Тој истакнува дека корисниците не мора да се најавени со нивната администраторска сметка на компјутерот за да може да се пристапи до податоците.

Во подолга објава на X тој покажува како може да се пристапи до дата базата од Recall и колку ова ќе претставува нешто кое ќе биде цел на напад од страна на развивачите на малициозен софтвер и вируси.

Дополнително се додава дека сликите кои се прават од екранот на корисникот не прават разлика на важни податоци, па Windows 11 со Recall ќе има пристап и до лозинките на корисниците, тајните разговори преку апликации како Signal и слично.

Објаснувањето за тоа што го има откриено и како верува дека Microsoft со Recall ја има уназадено безбедноста на Windows и угледот на Copilot, може да се прочита и на неговата блог објава тука.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНина Ангеловска и Петар Ниновски на втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на Халкбанк АД Скопје
Следна статијаSamsung ја претстави новата линија монитори Odyssey OLED, Smart Monitor и ViewFinity за 2024 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.