Иако со почестото користење и комерцијализирање на онлајн просторот за складирање, популарно наречен облак, помалку се користат „УСБ стикчињата“, процесот на нивно вадење од компјутерот останува една од подосадните работи.
За да се избегне ризикот од губење на податоци од стикчето, како и неможност повторно да работи со тој компјутер, при вадење од USB портата мора да се притисне на „Safely Remove Hardware“ опцијата која е достапна со десен клик на „треј“ иконата до часовникот на „таск барот“.
Уште од Windows 7 корисниците кои знаеја дека може, а и како да го направат тоа, можеа да изберат да вадењето на усб стикче (или било кој друг усб уред за податоци), се прави веднаш и без потреба од притискање на „Safely Remove Hardware“.

Како што се гледа на сликата, опцијата „Quick removal“ е таа која овозможува вадење на стикчето веднаш, а истата од сега ќе биде стандардна за секое стикче. Оваа опција иако овозможува брзо и лесно вадење на уредот, сепак ги намалува перформансите при негово користење, па затоа корисниците ќе го имаат изборот самите за секој уред посебно да изберат да биде на „Better Performance“.
Промената во стандардно да биде опцијата „Quick removal“ наместо „Better Performance“ доаѓа со претходната верзија од Windows 10 која сепак поради проблеми дури оваа година ќе ги види поголемиот дел од надградбите. Со оглед на тоа што најновата верзија од оваа година тек треба да почне да станува достапна, доста корисници ќе се решат прво да ја инсталираат претходната верзија.