wi-fi-sense

Со пуштањето на најновиот Windows Insider Preview Build од Windows 10, покрај одредени новини, најавена беше и новост поврзана со може да се каже не толку популарната функција во оперативниот систем, Wi-Fi Sense.

Wi-Fi Sense е функција која првпат беше претставена на Windows Phone, а потоа донесена и на Windows 10. Преку оваа функција корисниците добиваат можност автоматски да се поврзат на отворени хотспот мрежи, врз основа на информации од голем број на корисниците. Wi-Fi Sense исто така овозможува поврзување на мрежите од пријателите, односно нивно поврзување на мрежите на корисникот.

Ова требаше да биде корисна функција која ќе овозможи автоматско поврзување на вашите Facebook, Outlook и слични контакти без потреба од давање на вашата лозинка.

Функцијата често беше предмет на критики и обвинување дека ја загрозува приватноста на корисниците, па дали поради тоа или и друга причина, никогаш не стана популарна кај корисниците.

Microsoft најави дека оваа функција веќе нема да биде дел од Windows 10. Малата популарноста и број на корисници прави да одржувањето на кодот е неисплатливо и непотребно.

Windows 10 Insider Preview Build 14342 покрај оваа промена донесува и неколку новини кај Microsoft Edge. Додатоците кои станаа достапни пред неколку верзии, сега ќе може да се инсталираат преку Windows Store, како што е и замислено за крајните корисници. Тие ќе можат да почнат да ги користат додатоците од јули, кога ќе биде пуштена Anniversary надградбата.

Microsoft Edge исто така добива поддршка за веб нотификации и гестови со повлекување лево и десно за навигација при сурфање.

Извор: Windows Central, The Verge, Microsoft

Претходна статијаДванаесеттиот по ред Job Fair 2016 заврши
Следна статијаFlens ќе го направи блицот на вашиот паметен телефон 10 пати посилен
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.