Проблеми со компјутерот по инсталација на надградба на Windows 10, не е нешто што многу ретко се случува. На пазарот има илјадници различни уреди кои работат со различен хардвер, па веројатноста да нема проблеми е многу мала.
За олеснување на „последиците“ од ваквите ситуации, Microsoft воведува систем кој автоматски ќе ја избрише надградбата која му прави проблем на оперативниот систем.
За една надградба да биде избришана на овој начин треба да го оневозможува оперативниот систем да стартува, а сите можни начини кои се достапни за исправка да не функционираат.
Тоа значи дека нема да бидат избришани сите надградби кои прават некакви проблеми, па истите треба сепак да бидат „посериозни“.

По бришење на надградбата, Windows 10 ќе го блокира нејзиното повторно инсталирање во наредните 30 денови, со што се остава доволно простор истата да биде исправена.
Корисниците секако можат самите да ја инсталираат надградбата, но освен ако не се работи за поголема, со доста интересни новини, нема зошто истото да го направат.
Microsoft ја објаснува оваа новина на оваа страна за поддршка.