После неколку години „пауза“, Microsoft повторно го отвори бета каналот од Windows Insider програмата за Windows 10. Ова е доста чудно и неочекувано со оглед на тоа што оваа верзија од Windows веќе не добива нови функции, а има уште околу година и половина до истекот на поддршката.
Корисниците ќе можат да се приклучат на бета каналот и да ги пробаат новините кои ги подготвува Microsoft порано од останатите. Вклучувањето на бета програмата не донесува веднаш нова верзија од Windows 10, а од компанијата најавија дека корисниците можат да очекуваат такво нешто во неделите што следат.
Со оглед на тоа што развојот на Windows 10 е скоро целосно застанат, системот добива само безбедносни надградби, не сум сигурен какви новини можат да очекуваат корисниците.

Од Microsoft истакнуваат дека приклучувањето на бета каналот нема да го надгради компјутерот на Windows 11 автоматски, како што е случајот со Dev и Canary каналите.
Со оглед на тоа што овие два канали се достапни само за Windows 11, корисниците на Windows 10 автоматски ќе бидат надградени на Windows 11, а тие кои немаат поддржан компјутер нема да можат да ги вклучат овие канали.